Деветмина црногорски навивачи биле нападнати во вторникот вечерта во Загреб, по завршувањето на натпреварот помеѓу Црна Гора и Македонија. Иако хулиганите користеле ножеви и палки, за среќа, никој од Црногорците не се здобил со потешки повреди, информираат црногорските медиуми.
По повод овој инцидент кој се случил на улиците на хрватската метропола се огласи навивачката група „Црногорци југ“.
„По завршувањето на натпреварот нас деветмина (меѓу кои имаше и една девојка) се упативме кон трамвајската постојка. На тој пат, во делот кој е слабо осветлен (покрај некое детско игралиште) се движевме заедно со Македонсите и Германците. Тоа е местото каде бевме нападнати. Најпрвин ни пријдоа три лица, кои дојдоа за да „идентификуваат“ меѓу пстанатите навивачи. Потоа тие им дадоа знак на останатите групи да тргнат во напад“, пишува на почетокот на соопштениет.
Црногорците се сомневаат дека зад нападот стојат навивачите на Динамо Загреб, групата наречена „Бед Блу Бојс“.
„Групите дојдоа од два правци, беа маскирани, ги имаше 30 или 40, вооруѓени со ножеви и палки. Бидејќи девојката која беше со нас носеше торба, со нож прво и се заканија нејзе и побараа да ја отвори торбата. Мислеа дека ќе најдат некое знаме. Потоа видоа дека еден од нас има ранец па тргнаа кон него, со намера да му го одземат и тоа и го направија. Во ранецот имаше многу наши лични работи, тука беше и бајракот на групата и поголема сума на пари. По останатите наши членови трчаа останатите маскирани напаѓачи се до трамвајската постојка“.
Понатаму во соопштението стои дека случајот е пријавен вполиција, а информирана била и амбасадата на Црна Гора, како и Ракометниот сојуз.
„Ниту еден член не е потешко повреден и тоа е најважно. Ни го одзедоа бајракот но знамето на групата е тука. Хрватските медиуми веднаш започнаа да шират лаги, но тука се и навивачите на останатите репрезентации кои беа сведоци на инцидентот. Секаде ја следиме нашата репрезентација, дојдовме во Загреб да навиваме. Овде станува збор за подршка на национален тим, а не на клуб. Овој настан нема да не спречи и понатаму да го правиме истото“, стои во соопштението на навивачката група „Црногорци југ“.