Top Sport

Марковски на местото на Филип Лазаров против Германија

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, во пресрет на вечерашниот натпревар со Германија, реши да ја направи првата измена во составот. Против Германија во тимот ќе биде специјалистот за игра во одбраната Велко Марковски.

Марковски во тимот влегува на местот на Филип Лазаров, кој има повреда на мускулот и не тренираше со пол интензитет. Поради тоа Шпанецот не сакаше да ризикува и реши помладиот Лазаров да го поштети од напорите кои ќе ги донесе натпреварот со актуелниот европски шампион.

Македонија во дуелот со Германија (18:15 часот) влегува од првата позиција во групата, по победите над Словенија и Црна Гора.

Scroll to Top