Претседателот на Бреша, Масимо Челино, еден од најголемите критичари на планот за повторно продолжување на Серија А, потврди дека тој и неговата ќерка имале позитивен тест на корона вирусот.
Бреша е во Ломбардија, областа во северна Италија која е најпогодена од епидемијата, и последните неколку недели таму се зголемија бројот на тестови кои покажуваа дека многу луѓе имаат позитивни тестови без симптоми. Челино призна дека тој е еден од нив.
„По две недели во карантин во Каљари, отидов во болница да проверам дали го имам вирусот. На крајот, се покажа дека и мојата ќерка го има мојот вирус, но не и мојот син. Чувствував огромна исцрпеност и сериозни болки во коските“, вели Челино за „Ла република“.
Челино претходно постојано тврдеше дека Бреша, која е на последното место на табелата со малку шанси за опстанок во Серија А во повратничката сезона, нема да ги доигра мечевите од сезоната 2019/20.