Француските медиуми тврдат дека Јувентус повторно контактирале со Зинедин Зидан, нудејќи му го местото на Маурицио Сари од следната сезона.
Ова не е првпат Зидан да е поврзуван со тренерското место во неговиот поранешен клуб, за кој играше од 1996 до 2001 година. Според „Ле 10 спорт“, Јуве подолго време праќале сигнали кон Зидан, по шпекулациите дека неговиот втор престој на клупата на Реал Мадрид не оди најдобро поради конфликтот со претседателот Флорентино Перез.
Зидан еднаш веќе си замина од „кралскиот клуб“ во мај 2018 по освојувањето на третата титула од Лигата на шампионите, пред изненадувачки да се врати на клупата во март 2019 година. Тој има договор со „Лос бланкос“ до јуни 2022 година.