Оливие Жиру со гол во 85. минута му донесе на Арсенал значајна победа на гостувањето на „Рајко Митиќ“ во Белград кај Црвена Звезда.
По десетина години чекање, навивачите на Звезда имаа шанса да пречекаат голем клуб на својата „Маракана“, на која имаше 52 илјади гледачи. Борбениот меч по се изгледа беше решен во 80. минута, кога Милан Родиќ по еден дуел со Кокелан го добива вториот жолт картон и домаќините остануваат со играч помалку.
Само пет минути подоцна, по проигрувањето меѓу Тео Волкот и Џек Вилшир, со одличен гол од свртување, Жиру им ја носи клучната предност на „топчиите“.
Giroud goal vs Belgrade pic.twitter.com/ceXMG9Ss34
— SportMargin (@SportMargin) October 19, 2017
ЛИГА НА ЕВРОПА, 3.КОЛО
ГРУПА Г
Хапоел Бер Шева – ФЦСБ 1:2
Лугано – Викторија Плзен 3:2
ГРУПА Х
БАТЕ Борисов – Келн 1:0
Црвена Звезда – Арсенал 0:1
ГРУПА И
Коњаспор – Салцбург 0:2
Марсеј – Виторија Гимареш 2:1
ГРУПА Ј
Естерсундс – Атлетик Билбао 2:2
Зорја – Херта 2:1
ГРУПА К
Ница – Лацио 1:3
Зулте-Варегем – Витесе 1:1
ГРУПА Л
Вардар – Реал Сосиедад 0:6
Зенит – Розенборг 3:1