Top Sport

Фудбалерите на Рома доброволно се откажаа од четири месечни плати!

Рома објави дека нивните фудбалери, тренери и останати вработени во клубот „доброволно“ се откажале од четири месечни плати за да помогнат на клубот за време на кризата со корона вирусот.

Рома последниот меч го одигра на 1 март, а иако оттогаш неколку клубови склучија договори за намалување на платите на фудбалерите, „волчицата“ е прва која оди дотаму да скрати четири плати.

„Фудбалерите, тренерот на првиот тим Пауло Фонсека и неговиот тим, доброволно се откажаа од четири месечни плати за да се помогне на клубот во економската криза која го зафати светот на фудбалот. Тие исто така се согласија колективно да ја платат разликата за да се осигура вработените на Рома кои се ставени на социјална помош да ја добиваат својата цела плата“, се вели во соопштението на клубот.

Фудбалерите нема да добијат плати за март, април, мај и јуни, меѓутоа ако сезоната биде комплетирана, тие ќе добијат бонуси според спортските остварувања.

Scroll to Top