Top Sport

Златан до соиграчите од Галакси: Првиот кој ќе ми прозбори, ќе го убијам!

Поранешниот соиграч на Златан Ибрахимовиќ од Лос Анџелес галакси, Жоао Педро вели дека популарниот Швеѓанец по еден пораз им се заканувал дека ќе ги убие играчите и во исто време се фалел со своето огромно богатство.

Ибрахимовиќ не успеа да постигне гол, а неговите Галаски пропуштија 2:0 водство на полувремето за да ја завршат сезоната 2018 со 2:3 пораз од Хјустон дајнамо, по што следувало „беснеењето“ на Швеѓанецот. Таа сезона тој постигна 22 гола за Галакси, но неговиот тим заврши само на 13. место на табелата.

„На крајот на мечот, тој почна да вика. ’Ако дојдовте тука да одите на плажа или да се шетате на Холивуд, кажете ми! Имам 300 милиони на сметка, остров, и не ми требаат овие глупости. Првиот кој ќе ми прозбори ќе го убијам’. Сите молчеа“, открива Педро.

Педро си замина на крајот на таа сезона од Галакси, додека Ибрахимовиќ постигна 30 голови за осмо место на табелата, но и незгоден пораз дома во плејофот од Лос Анџелес галакси, сезона за која тој заработи 7.2 милиони долари.

Scroll to Top