Германската покраина Рајна-Фалц ќе организира тениски егзибициски турнир без фанови од 1 мај, додека официјалната АТП и ВТА турнеја остануваат „заклучени“ поради корона вирусот.
Професионалниот тенис е стопиран од март поради невозможноста да се патува и да се организираат турнири без опасност за публиката и засега е сигурно дека турнејата нема да продолжи до средината на јуни.
Турнирот во Германија ќе се состои од осум тенисери кои ќе одиграат 32 меча на земјена подлога во сала на „Бејс“ тениската академија во малото градче Хер-Гренцхаузен, а тенисерите ќе мораат да носат заштитни маски, а ќе има само тројца на теренот – двајца тенисери и судијата на столче.
На турнирот нема да има тенисери во топ 100 на АТП турнејата, а најпознато име е светскиот број 143 Јаник Ханфман, како и 239-рангираниот Дастин Браун.