Манчестер сити го продолжија договорот на аргентинскиот бек, Николас Отаменди до 2022 година.
29-годишниот Отаменди имаше 118 настапи за Манчестер сити од доаѓањето од Валенсија во 2015 година за 32 милиони фунти. Неговиот актуелен договор завршуваше во 2020 година, но сега е сигурно дека ќе остане барем уште две години на „Етихад“.
Оваа сезона тој има 22 настапи во 23 меча од Премиер лигата, и дополнителни пет настапи во Лигата на шампиони, докажувајќи ја својата постојаност откако претходно не беше постојано во првиот тим. Оваа година тој дури постигна пет гола, вклучувајќи го победничкиот гол за 2:1 победата над Манчестер сити на „Олд Трафорд“.
„Во клубот го имам најдоброто искуство во мојата професионална кариера и немав проблем да го потпишам договорот. Мислам дека можам да бидам уште подобар“, вели Отаменди.
.@Notamendi30 commits to City until 2022! #mancity https://t.co/ht6IcXozFF
— Manchester City (@ManCity) January 17, 2018