Поранешниот холандски дефанзивец Јап Стам зборуваше за времето поминато во Лацио, но и за односите со сегашниот тренер на римскиот клуб, Симоне Инзаги, со кого имаа доста незгодна историја.
Инзаги стигна во Лацио во 2001 година од Манчестер јунајтед, две години откако двата тима играа во европскиот Суперкуп (кој Лацио го доби со 1:0), и во кое Инзаги остана со скршен нос по еден удар со лакт. По ова, во својата автобиографија, Стам на необичен начин го опиша инцидентот.
„При еден чуден инцидент, со лакт му го скршив носот на Инзаги. Тој се чувствуваше навреден и почна да се заканува со него и со брат му, но искрено повеќе се плашам од еден Телетабис“, напиша Стамп.
Сега, речиси две децении подоцна, Стам открива дека Алесандро Неста и Синиша Михајловиќ, тогашни негови соиграчи во Лацио постојано се подбивале со Инзаги.