Европскиот шампион Германија може да му благодари на голманот Андреас Волф што по првото полувреме против Македонија има водство од 12:11, откако одлично му париравме на противникот.
Македонија имаше одличен старт, и по осум минути игра, предводени од Пешевски и Кузмановски имавме предност од 5:2, а Волф двапати му одбрани на Гоце Георгиевски за да спречи поголема предност.
Kiril Lazarov and Goce Georgievski know hoy to fly in this championship. An incredible play in Zagreb, last match of group C.#GERMKD ?? ?? @DHB_Teams @rfmhandball #ehfeuro2018 #hypnoticgame pic.twitter.com/bTa645rV5H
— EHF EURO (@EHFEURO) January 17, 2018
Меѓутоа, по два удари во пречката (Лазаров и Георгиевски), Германците се враќаат во игра, Волф му брани пенал на Лазаров за Германците да дојдат до +3 предност (10:7). Раул Гонзалес ја смирува играта на нашата репрезентација, а Ристовски со две одбрани не одржува во „живот“ за на полувреме да се оди со негатива од само 12:11.
Die Bad Boys haben sich die Führung erkämpft. Auch dank einem starken Andreas Wolff zwischen den Pfosten!@DHB_Teams #ehfeuro2018 #GERMKD #badboys pic.twitter.com/mv52mJ7dTg
— Sportschau (@sportschau) January 17, 2018