Минатиот викенд започна да се прикажува документарниот филм „Последниот танц“ кој говори за последната сезона на Мајкл Џордан. Документарецот на ЕСПН има десет епизоди, секоја од нив трае по 60 минути.
Џордан долго време се премислувал дали да дозволи документарниот филм да биде снимен и дали во него да бидат користени снимки кои претходно никогаш не биле прикажано во јавноста. Ем-Џеј стравувал дека луѓето ќе го перципираат како лоша личност и лош соиграч.
Продуцентот на документарниот фил Мајк Толин за ЕСПН открил дека кога Џордан решил да го благослови проектот и што точно го натерало да го направи тоа.
Станува збор за деновите по завршувањето на финалната серија помеѓу Кливлен Кавалирс и Голден стејт Вориорс во 2016 година, кога Кавалирс предводени од Леброн Џејмс иако заостанува во победи (1-3) на крајот ја освоија историската прва титула за Кливленд.
Леброн таа сезона ја освои својата трета шампионска титула (претходно освои две со Мајами Хит) со што си ги зголеми шансите кариерата да ја заврши како најдобар играч на сите времиња, епитет што две децении се врзуваше за Џордан.
Исто такаа таа сезона Вориорс ја истакнаа кандидатурата за најдобар тим на сите времиња, откако регуларниот дел од сезоната го завршија со 73 победи и само девет порази. Вориорс го урнаа рекордот на Чикаго Булс од времето на Џордан.
„Џордан се согласи да ја раскаже својата приказна откако еден играч (Леброн) и еден тим (Вориорс) под знак прашалник го ставија неговото наследство како најдобар играч на сите времиња и како предводник на најдобриот тим на сите времиња“, пишува ЕСПН.