Top Sport

Реал Мадрид сезоната нема да ја завршат на „Сантијаго Бернабеу“

Доколку сезоната во Ла Лига продолжи Реал Мадрид своите домашни натпревари нема да ги игра на „Сантијаго Бернабеу“, тврди „Марка“.

Реал Мадрид неодамна започнаа со реконструкција на култниот стадион која ќе ги чини 500.000 долари. Доколку сезоната продолжи сигурно е дека натпреварите ќе се играат пред празни трибини. Во клубот сметале дека ако не играат на „Сантијаго Бернабеу“ ќе работите околу модернизацијата ќе се одвиваат побргу.

Планот на Реал е домашните натпревари да ги игра на стадионот „Алфредо Ди Стефано“ кој се наоѓа во клупскиот тренинг центар Валдебебас.

На овој стадион своите натпревари ги игра младиот тим на Реал, а димензиите на теренот се речиси исти како и оние на „Сантијаго Бернабеу“.

За да ја спроведат оваа своја идеа во дело ќе мора да добијат од челниците на Ла Лига.

Scroll to Top