Top Sport

Шпанците се договорија, завршен турнир за крај на сезоната

Кошаркарскиот шампионат на Шпанија ќе заврши со финален турнир на кој ќе учествуваат 12 тимови. Шпанските медиуми информираат дека ова го договориле клубовите кои сезонава се натпреваруваат во Ендеса.

На завршниот турнир ќе учествуваат 12 најдобри тимови според актуелната табела: Барселона, Реал Мадрид, Сарагоса, Тенерифе, Билбао, Андора, Уникаха, Валенсија, Сан Пабло Бургос, Басконија, Гран Канарија и Хувентуд.

Клубовите договориле дека сезоната најдоцна мора да заврши до 31 јули.

Исто така важна одлука е дека нема да има испаѓање од елитната дивизија, додека се уште не е познато дали ќе има промоција на клубовите од Втората лига.

Scroll to Top