Мојзе Кен по само една сезона ќе го напушти Евертон. „Карамелите“ за талентираниот напаѓач минатото лето на јувентус им платиха 27,5 милиони фунти но тој не успеа да избори место во тимот ниту кај Марко Силва, ниту кај неговиот наследник Карло Анчелоти.
Англиските медуми пишуваат дека Евертон 20 годишниот напаѓач му го понудиле на Интер.
Планот на Анчелоти е во летниот преоден рок да ја засили одбраната. Неговата намера е парите од трансферот на Кен да го пренасочи во Лил. Од францускиот тим тој има намера да го купи дефанзивецот Габриел Магаљаеш.
Бразилецот има 22 години, неговата вредност на пазарот е 17,5 милиони евра. Магаљаеш е поранешен играч на Сао Паоло, а во Лил е од јануари 2017 година.