Сезоната во Лигата на шампионите ќе продолжи летово и ќе заврши на 29 август тврди „Кориере дело Спорт“.
Според овој извор на почетокот на август ќе се одиграат преостанатите четири реванш од осмина-финалната фаза: Барселона-Наполи, Манчестер сити-Реал Мадрид, Јувентус-Лион и Баерн-Челси.
Пласман во четврт-финалето, пред да биде прекината сезоната обезбедија Атлетико Мадрид, Лајпциг, Аталанта и ПСЖ.
Четврт-финалните натпревари би биле на програмата на 11 и 14 август, а термините за полу-финалните натпревари би биле 18 и 22 август. Седум дена подоцна во Истанбул би бил одигран финалниот меч.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека доколку биде усвоен овој календар тогаш фазата по групи во наредната сезона би започнала во октомври.