Предраг Мијатовиќ во опширно интервју за шпанските медиуми го открил најзначајниот момент во кариерата.
Поранешниот спортски директор на Реал го издвоил победничкиот гол против Јувентус во финалето во Лигата на шампионите во 1998 година.
„Да пиев по чашка ракија секој пат кога ќе го видев тој гол денес веројатно ќе бев алкохоличар. Тој гол сум го видел илјада пати, тој момент засекогаш ми е врежан во сеќавањето. Тоа е најубавиот момент во мојата кариера“, рекол Мијатовиќ.