Минатата недела ЕСПН ја објави првата од десетте епизоди на документарниот филм „Последниот танц“ посветен на Мајкл Џордан. Документарниот филм е во продукција на ЕСПН.
„Последниот танц“ е документарец кој говори за трофејната генерација на Чикаго Булс чии предводник беше Џордан.
Еден од играчите кој остави длабока трага во НБА лигата, Трејси Мекгрејди, за ЕСПН говорел за овој фил и открил детал кој само покажува колкаво влијание имал Џордан во Чикаго.
„Ноќта пред драфтот за класата 1997, Чикаго Булс ги договорија сите детали за размена со Торонто Репторс. Булси за мене на Репторс им го понудија Скоти Пипен. Двете страни се договорија, но на крајот Мајкл Џордан стави вето на оваа размена, Пипен остана во Чикаго, а јас заминав во Торонто“, рекол Мекгрејди.