Филип Талески беше најдобриот стрелец на Македонија на тешкиот меч со Германија, со одлични шест гола, израснувајќи во вистински адут на селекторот Раул Гонзалес.
21-годишниот играч на германскиот Рајн-Некар Левен вели дека главната цел е остварена и дека сега треба да се стремиме за подобар пласман.
„Првпат Македонија влегува во втората рунда од натпреварувањата со три поени и мораме да го искористиме тоа. Ги исполнивме обрските на селекторот, но сега не чекаат мечеви со три силни селекции. Ќе биде тешко да се остварат првите две места кои носат во полуфиналето, но тоа е целта. Мораме да бидеме многу добро подготвени“, изјави Талески.