Македонскиот голман, Борко Ристовски влезе во остра критика на хрватскиот селектор, Лино Червар откако во изјава за „Вечерњи лист“ го нарече поранешниот македонски селектор и тренер на Металург како „застарен“.
„Хрватска има многу добар тим, но им недостасува подобар тренер. Лино Червар не е тренер за оваа Хрватска, бидејќи неговото време помина пред пет-шест години. Тој е стар и надвор од врвниот ракомет веќе десетина години. Кога би имале подобар тренер, ќе бевте фаворит за медал. Погледнете го само ракометот кој го игра Хрватска. Имате исклучителни играчи, еден од најдобирте на светот, а не играте модерен ракомет. Тоа е ракомет од пред пет-шест години, а оваа игра бргу се развива“, изјави Ристовски.