Top Sport

Парти преговара со Арсенал

Арсенал и Атлетико Мадрид ги започнале преговорите за трансферот на Томас Парти, потврдил за шпанските медиуми таткото на фудбалерот од Гана.

Тренерот на Арсенал Микел Артета веќе изјави дека во летниот преоден рок во клубот ќе пристигне играч од редот за врска, а најчесто со „топџиите“ се поврзува Парти.

„Се слушнав со синот кога ги слушнав шпекулациите. Ми кажа дека е точно она што се пишува“, рекол таткото Џејкоб.

„Ми откри дека се зависи од тоа какви ќе бидат барањата на Атлетико. Лично би бил среќен кога тој би се преселил во Арсенал“.

Тома Парти има договор со Атлетико до 30 јуни 2023 година. Неговата откупна клаузула изнесува 50 милиони евра.

Scroll to Top