Top Sport

Мончи: Не сме заинтересирани за Ракитиќ

Севилја нема преговарано со Барселона околу трансферот на Иван Ракитиќ, тврди спортскиот директор на Севилја, Мончи.

Неколку месеци Ракитиќ е тема на разни шпекулации, медиумите го селат во многу тимови, а еден од нив е Севилја.

„Ја прочитав изјавата на Иван дека еден ден би сакал да се врати во нашиот клуб. Му благодарам на тие зборови. Сепак ние не преговараме со Барселона околу неговиот трансфер. Пазарот во овој момент е ризичен. Не знам кога и како ќе заврши ова“, порачал Мончи.

Договорот на Ракитиќ со Барселона истекува на 30 јуни 2021 година. Барселона ќе му дозволи да го напушти клубот во летниот преоден рок. Најголем интерес за него има во Италија (Јувентус, Наполи, Милан, Интер), додека во Шпанија го поврзуваат со Атлетико Мадрид.

Scroll to Top