Top Sport

Кошмарни биле последните месеци на Пандев во Лацио

Напаѓачот на Удинезе Илија Несторовски времето кое го минува во карантин го крати на Инстграм. Тој си направи „Нестор ТВ“, а на Инстраграм разговара со колегите од македонската репрезентација.

Последен гостин на Несторовски му беше капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев.

Во дел од разговорот Пандев проговорил и за најтешкиот период во кариерата, периодот кога решил да замине од Лацио и несогласувањата што ги имал со претседателот Клаудио Лотито.

„Мислам дека најдобрите партии во животот ги имав во Лацио, а секогаш земав плата според првиот договор што го потпишав, младинскиот договор со Интер. Чекав да ме викнат, сите добиваа покачување. Преку глава ми дојде таквата ситуација и решив да заминам. На една година пред истекот на договорот ми рекоа дека сериозно сметаат на мене. Кога видоа дека не сакам да потишам нов договор започнаа и проблемите. Беше вистински кошмар, целиот тим замина за Пекинг на Суперкупот, а јас останав во Рим да тренирам на 40 степени. Лотито ми праќаше навивачи да ми се закануваат, но јас решив са заминам“.

Пандев потоа го тужеше клубот за мобинг, го доби спорот и во слободен трансфер се врати во Интер. Во јануари 2010 година потпиша со Интер и беше важен дел од тимот на Жозе Мурињо кој истата година ја освои „триплета“.

Scroll to Top