Top Sport

УФЦ се враќа со три настани во седум луди дена на Флорида!

УФЦ шампионатот се враќа во акција со УФЦ 249 во Џексонвил, Флорида на 9 мај, по што во следните седум дена ќе има уште два настани на истата локација во обид да се врати календарот на вистински пат по пандемијата на корона вирусот.

Во официјалното соопштение, УФЦ објави дека првата вечер борби ќе биде во сабота на 9 мај, по што следуваат мечеви и на 13 мај (среда) и 16 мај (сабота). Сите три настани ќе се оддржат без публика.

УФЦ 249 требаше да се оддржи во Њујорк на 18 април со мега-мечот меѓу шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, но мечот беше откажан по шести пат откако Хабиб се врати во Дагестан. Фергусон на 9 мај ќе се бори со неговата замена, Џастин Гетџи, а победникот ќе го добие „преодниот“ шампионат и ќе треба да се бори со Нурмагомедов.

„Не можев да дочекам да пренесам одлични вести за фановите. Благодарност до градоначалникот Кари и цела Флорида. Тимот е подготвен, фајтерите едвај чекаат да влезат во кафезот“, вели Вајт.

Флорида е државата каде што САД се обидува да ја врати спортската економија на вистински пат, откако кечерската федерација (ВВЕ) продолжи со емитување на мечеви од Флорида.

Вториот и третиот настан на 13 и 16 мај уште се без потврдени мечеви, но УФЦ 249 нуди доволно акција:

УФЦ 249

Тони Фергусон – Џастин Гетџи (за преодна титула во лесна категорија)

Хенри Кехудо – Доминик Круз (за бантам титула)

Френсис Нгану – Жаирзињо Розенстрајк

Џереми Стивенс – Калвин Катар

Доналд Серон – Ентони Петис

Грег Харди – Јорган де Кастро

Алексеј Олејник – Фабрисио Вердум

Рајан Спен – Сем Алвеј

Карла Еспарза – Мишел Вотерсон

Јураја Хол – Роналдо ’Хакаре’ Соуза

Висенте Луке – Нико Прајс

Брајс Мичел – Чарлс Роса

Scroll to Top