Реал Мадрид е еден од многуте клубови што им ги намали платите на фудбалерите поради пандемијата на коронавирусот.
Клубот донесе одлука платите на фудбалерите да бидат намалени за 10 отсто, а доколку оваа сезона не продолжи тогаш платите ќе им бидат намалени за 20 отсто.
Медиумите ги објавија платите на фудбалерите. Најголеми плати во клубот имаат Еден Азар и Герет Бејл. Белгиецот и Велшанецот ќе заработат по 12 милиони евра.
Зад нив на листата е капитенот Серхио Рамос (10,8 милиони евра), а потоа следуваат двајца играчи од редот за врска, Тони Крос (10,5) и Лука Модриќ (9,4).
Марсело ќе заработи 8,5 милиони евра, Карим Бензема 7,8 милиони евра, Хамес Родригез 7,6, Тибо Куртоа 7,2 милиони евра…
Клубот не открива дали овие суми се точни.