Top Sport

Интер испратиле понуда за Киеза

Федерико Киеза 22 годишниот напаѓач на Фиорентина и син на легендарниот Енрико Киеза се споменува како потенцијално засилување за неколку екипи, а според медиумите во Италија најконкретна понуда досега за неговите услуги испратил Интер.

Откако Оливие Жиру реши да го продолжи договорот со Челси Интер ќе се обидат да го донесат Киеза. Од „Џузепе Меаца“ на Фиорентина ѝ понудиле сума од 20 или 30 милиони евра и двајца фудбалери за да стигне до сумата од 60 милиони евра.

Првиот фудбалер што го нуди Интер е Бразилецот Далбер Енрке. Левиот бек оваа година е позајмен токму во Фиренца.

Исто така во понудата на Интер се уште двајца играчи од редот за врска, искусниот Раџа Наинголан кој е позајмен во Калјари и Роберто Гаљардини, како и младиот напаѓач Андреа Пинамонти.

Киеза има договор со Фиорентина до 2022 година. Тој во кариерата за „виола“ одиграл 139 натпревари, постигнал 29 гола и забележал 20 асистенции.

Scroll to Top