Денес е одложена уште една трка во Мото ГП шампионатот. Откако беа одложени трките во Холандија и Германија, денес стигна повтрда дека е одложена и трката за Големата награда на Финска.
Досега се одложени 11 трки, додека откажана во „кралската класа“ е само првата трка во сезоната, Големата нагрда на Катар.
Мото ГП по пауза од 38 години требаше да се вози во Финска, но новата патека која е изградена на 100 километри од Хелсинки, Камиринг ќе почека на своето деби.
Наредната трка во календарот која не е одложена е Големата награда на Чешка која во Брно треба да се вози на 9 август.
Можно е оваа трка да биде прва во сезоната.