Неверојатно е дека Ливерпул никогаш не ја освоиле титулата во Англија од формирањето на Премиерлигата. Оваа сезона „црвените“ имаат можност да го прекинат постот долг три децении, имаат голема предност, а за да ја заверат титулата само треба да продолжи првенството.
Претходно блиску до трофејот беа пред точно шест години, кога со предност од три бода во однос на Манчестер сити го пречекаа Челси. „Сините“ од Лондон тој меч го играа без половина од стандардните играчи, но Ливерпул не успеа да победи.
Легендарна е грешката од тој меч што ја направи тогашниот капитен на Ливерпул Стивен Џерард.
Во третата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел Џерард по лошиот прием се лизна, Демба Ба ја освои топката се стрча кон голот на Ливерпул и погоди за водство на Челси и ја најави победата 0:2.
Џерард во кариерата со Ливерпул освоил девет трофеи, меѓу кои е и оној во Лигата на шампионите во 2005 година, но грешката против Челси ќе го прати до крајот на животот.
„Се чувствував како човек што го растурил се она што клубот го направи во последните 25 години. Не се обидував да ги скријам солзите, а сцената од тоа попладне непрестано му се повторуваше во главата…Толку многу ја сакав таа победа со мојот Ливерпул, а таа едноставно исчезна во една секунда. Не можев да ги задржам емоциите. Бев лут, не знаев каде се наоѓам“, пишува Џерард во својата биографија.