Top Sport

Олиќ: По натпревар во Германија пиеш едно пиво, во Русија десет

Поранешниот хрватски репрезентативец Ивица Олиќ направил интересна паралела за обичаите што се практикуваат во Германија и Русија по одигран натпревар.

Олиќ во Русија играше за ЦСКА, а во Германија бил играч на ХСВ, Баерн, Волфсбург и Минхен 1860.

Во интервју за рускиот „Спортбокс“, одговорил на прашањето кој пие повеќе Германците или Русите.

„Во Германија е нормално по натпревар да се напиете едно или две пива. Во Русија е поинаку. Ако некој ти каже дека можеш да испиеш две пива тогаш ќе испиеш десет“, рекол Олиќ.

Тој истакнал дека Русите по менталитет се слични на Балканците.

„Ние сме многу слични со Русите. Ако ни кажеш дека можеме да испиеме едно пиво нема да застанеме по една испиена чаша“.

Scroll to Top