Премиерлигашите се во завршна фаза на преговорите со секретарот за култура и спорт на Велика Британија Оливер Доуден околу предолжувањето на фудбалската сезона.
Во петок претставници на сите 20 екипи од Премиерлигата ќе одржат уште еден состанок со секретарот за кој се надевата дека ќе биде конечен. Клубовите очекуваат да биде потврден датумот 8 јуни за продолжување на сезоната. Клубовите се сложни дека доколку биде прифатен овој датум тогаш сезоната ќе може да заврши до крајот на јули.
Вчера Арсенал, Вест Хем и Евертон ги отворија тренинг камповите за своите фудбалери, а се очекува денес тоа да го направи и Тотенхем.
Кога ќе продолжи сезоната натпреварите ќе се играат без публика. Исто така, клубовите ќе можат да го користат новото правило на ФИФА за пет измени.