Top Sport

Баерн рушат рекорди во продажба на заштитни маски

Голем интерес владее за заштитните маски кои во продажба ги пушти Баерн Минхен кај навивачите на овој клуб. Маските се дизајнирани во клупските бои, а парите од продажбата Баерн ќе им ги проследи на здравствените установи.

Баерн Минхен за само 24 часа продале 100.000 заштитини маски. Клубот пред неколку дена го откри дизајнот. Очигледно тој им се допаднал на фановите.

Една маска се продава по цена од 6,95 евра, додека пакување со три маски, сите со различен дизајн, се продава по цена од 17,95 евра.

Scroll to Top