Top Sport

Пола Европа „војува“ за Бен Једер

Неколку гоелми европски клубови летово ќе се обидат да го донесат во своите редови напаѓачот на Монако Висам Бен Једер тврди „Лекип“.

За Бен Једер сериозно биле заинтересирани Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем и Манчестер сити.

На фудбалскиот пазар цената на Французинот изнесува 45 милиони евра, а бидејќи поради финансиската криза неговата цена би можела да паѓа, интересот за него е голем.

Бен Једер во минатото два пати бил блиску до трансфер во Барселона.

„Минатото лето се распрашуваа за мене, потоа го обновија интересот во јануари, но трансферот не се реализира. Тоа само покажува дека добро со ја вршам работата во Монако. Сепак во овој момент фокусот ми е само врз мојот клуб“, рекол 29 годишниот Бен Једер.

Напаѓачот во Монако се пресели минатото лето од Севилја за сума од 40 милиони евра. Во првенството на Франција го дели првото место на листата на најдобри стрелци со Килијан Мбапе. Двајцата имаат постиганот по 18 голови.

Scroll to Top