Top Sport

Пред 12 години Сколс ја „скина“ мрежата на Барселона (Видео)

На денешен ден во 2008 година фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Скол постигна еден од најубавите голови во историјата на Лигата на шампионите.

Голот на Скол во полу-финалниот реванш против Барселона постигнат во 14 минута ги однесе „црвените ѓаволи“ во финалето. Манчестер Јунајтед таа година против Челси по изведувањето на пенали ја освои титулата.

Покрај Сколс за Јунајтед на тој натпревар играа Ван дер Сар, Евра, Харгривс, Фердинанд, Браун, Роналдо, Парк, Керик, нани и Тевез, а подоцна на теренот влегле Гигс, Флечер и Силвестре.

Scroll to Top