Top Sport

Талески бара нов клуб

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески во преодниот рок ќе бара нов клуб откако клубот чии дрес го носеше сезонава, Балинген, објави дека нема да му го продолжи договорот.

Талески во Балинген пристигна од Рајн Некар Левен но не успеа да ги убеди челниците на клубот дека треба да добие нов договор.

„Му благодариме на Филип за посветеноста што ја покажа носејќи го дресот на Балинген. Неговиот договор истекува на 30 јуни и тој нема да му биде продолжен“, соопшти клубот.

Поранешниот капитен на Металург според шпекулациите ќе остане во Бундеслигата бидејќи неколку клубови покажале интерес за него.

Scroll to Top