Поранешниот капитен на Лидс јунајтед, Тревор Чери починал на 72 години, потврди англискиот второлигаш, кој пред две недели се прости со уште една легенда на клубот, Норман Хантер.
Чери играше за Хадерсфилд, Лидс и Бредфорд во кариера која траеше 20 години, а имаше и 27 настапи за англиската репрезентација од 1976 до 1980 година. Тој ја освои титулата од Првата дивизија со Лидс во 1973/74, а стана капитен на клубот во 1976 година по заминувањето на Били Бремнер.
Дефанзивецот во 1982 година се прикчучи на Бредфорд, за три години подоцна да се пензионира од фудбалот.
#LUFC are shocked and deeply saddened by the news that club legend Trevor Cherry has passed away. Our thoughts are with Trevor’s family and friends at this time
— Leeds United (@LUFC) April 29, 2020