Тинејџерот на Барсеона Ансу Фати на вистински начин ја искористи шансата која ја доби оваа сезона. Успеа да урне неколку рекорди во Ла Лига, а во својата прва професионална сезона настапил на 24 натпревари на кои постигнал пет гола.
Талентот и добрата форма на фати го поттикнаа интересот на неколу клубови. Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Борусија Дортмунд сериозно биле заинтересирани за 17 годишниот фудбалер.
Во Дортмунд сметале дека Фати би бил идеална замена за Џејдон Санчо кој се подготвува да го напушти Дортмунд.
Со парите што ќе ги добијат од трансферот на Санчо челниците на Борусија ќе се обидат да го ангажираат Ансу Фати.
Крилниот напаѓач има договор со Барселона до 30 јуни 2022 година, а неговата откупна клаузула изнесува 170 милиони евра.