Top Sport

За Агаси најдобар на сите времиња е Федерер

Американскиот тенисер, Андре Агаси пред неколку години рече дека Рафаел Надал е најдобриот тенисер на сите времиња. Потоа рече дека Новак Ѓоковиќ го игра најдобриот тенис кој некогаш го видел, а сега повторно го смени мислењето.

Американецот кој неодамна наполни 50 години сега смета дека Роџер Федерер е најдобриот на сите времиња.

Агаси и Федерер играа во финалето на УС-опен во 2005 година, победник беше Швајцарецот.

„Без сомнеж, Федерер е најдобриот, никој не се издвои од конкуренцијата на теренот како него. Игравме во финалето во Њујорк, освоив само сет, повеќе не можев“ – рече Агаси.

Поранешниот тенисер, кој во еден период му беше и тренер на Новак Ѓоковиќ, брзо и лесно го менува мислењето, па не е чудо по одреден период да се појави со ново тврдење.

Scroll to Top