Top Sport

Тоти: Тонали ќе биде еден од најдобрите на планетата! (видео)

Франческо Тоти открива дека се обидел да го донесе во Рома Николо Барела додека бил директор на „волчицата“, но и дека го советувал клубот да направи сè што е возможно да го донесат талентот на Бреша Сандро Тонали во италијанската престолнина.

Барела на крајот се приклучи на Интер од Каљари минатото лето во договор за позајмица од 12 милиони евра и уште дополнителни 25 милиони евра за трансфер.

„Тој ми беше еден од омилените и се обидов да го донесам во Рома, но за жал не успеав во тоа“, вели Тоти во разговор со ТВ-коментаторот Паоло Бонолис преку Инстаграм.

Тоти неодамна објави дека ќе работи како скаут на таленти и вели дека најмногу го возбудува помислата да работи со Тонали, младиот фудбалер на Бреша за кој се „тепа“ пола Европа.

„Би направил сè што можам да го добијам Тонали. Според мене, тој ќе стане еден од најдобрите фудбалери од средниот ред на светот. Има сè што е потребно да си голем фудбалер – технички е талентиран, има добар менталитет и секогаш е подготвен за акција“, вели Тоти.

Бреша бараат 50 милиони евра за Тонали, за кого во минатото беа заинтересирани Интер, Јувентус, Милан, Рома, Наполи, Челси, Арсенал, Барселона и Пари Сен-Жермен.

Барса нуди 60 милиони евра за „новиот Пирло“

Милан дава тројца играчи плус пари за Тонали од Бреша!

Scroll to Top