Top Sport

Милан дава тројца играчи плус пари за Тонали од Бреша!

Калчолигашот Милан е подготвен да се ослободи од тројца играчи, а за возврат сака да го доведе на „Сан Сиро“ младиот играч на Бреша, Сандро Тонали, пишува „Калчомеркато“.

Информациите се дека играчот кој, според имиџот многумина го споредувааат со Андреа Пирло, е интересен и за Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид.

Сепак „Росонерите“ сметаат дека би можеле да го доведат играчот вреден околу 50 милиони евра пред останатите конкуренти.

Милан сака во Бреша да ги испрати младиот стопер, Матеа Габии, голманот Алесандро Плизари и играчот од среден ред, Томасо Побега и со тоа да ја преполови отштетата за Тонали.

Младиот фудбалер, пак, не крие дека е навивач на Милан. Вели дека неговиот стил на игра е како оној на Џенаро Гатузо, а од актуелните фудбалери, вели дека го инспирира Лука Модриќ.

Претседателот пак на Бреша, Масимо Челино неодамна изјави дека Тонали ќе го пушти од клубот само доколку некој тим понуди 300 милиони евра.

Scroll to Top