Претседателот на Јувентус андреа Ањели не сака „француско сценарио“ во италијанската Серија А.
Навивачите на Јувентус посакуваат разврската во Серија А да биде како во Франција. Тоа би значело дека сезоната не би завршила, а титулата би му припаднала на Јувентус. Ањели сака регуларен крај на сезоната.
Јувентус никогаш нема да ја заборават аферата „Калчополи“ од 2006 година, кога најмногу профитираше Интер.
Италијанските новинари објавија дека Ањели ја поддржал објавата на еден навивач на Јувентус кој напишал дека не сака клубот да ја освои титулата на таков начин.
„Не сакаме да победиме на таков начин. Дури и Ањели рекол дека одбива да прими таква титула. Се надевам дека ќе го одржи ветувањето. Ние не сме Интер“, напишал навивачот чии „твит“ добил „лајк“ од Ањели.
Потоа се огласил и првиот човек на Јувентус.
„Се придружувам кон поддршката за работата на претседателот Дал Пино и ја користам можноста да остро да повторам една работа. Сите знаете дека не сакам медијски да се експонирам, дека повеќе сакам да молчам. Тоа можеби поттикан погрешни интерпретации на намерите на Јувентус“, порачал Ањели додавајќи.
„Одговорно морам да повторам дека Јувентус има цврста намера да ја заврши сезоната 2019/2020. Бидејќи играчите ќе започнат да тренираат на 18 мај, а натпреварите би започнале во јуни тогаш ќе има доволно време сезоната да заврши со почитување на правилата на УЕФА и ЕЦА“.