Top Sport

Аргентински фудбалер пијан усмртил мотоциклист (Видео)

Аргентинскиот фудбалер Родриго Холгадо (24) усмртил 60 годишен човек на улиците на Сантијаго де Чиле. Холгадо под дејство на алкохол управувал со својот автомобил кога удрил во мотоциклист.

Возачот на моторот веднаш им подлегнал на повредите, а полициската контрола утврдила дека нивото на алкохол во крвта кај фудбалерот изнесувало 1,53. Во возилото заедно со Холгадо бил и неговиот соиграч Мануел Фернандес кој минал со полесни повреди.

Фудбалерот веднаш бил приведен и му бил одреден притвор од 120 дена, а потоа ќе започне судењето кое може да значи и крај на кариерата за овој фудбалер.

Холгадо се соочува со пет годишна затворска казна.

Родриго Холгадо во Чиле пристигнал во јануари 2019 година, кога потпишал договор со Аудакс Италијано. Сезонава одиграл 22 натпревари на кои постигнал десет гола.

Scroll to Top