Top Sport

Фостер: Сопругата се пораѓаше, Капело ме викаше на тренинг!

Англискиот ветеран Бен Фостер вели дека третманот кој го добил од страна на Фабио Капело го натерал да се повлече од англиската фудбалска репрезентација, велејќи дека Италијанецот покажал крајно непочитување.

Фостер, кој сега е на голот на Вотфорд, имаше само осум настапи за „трите лава“ и еден голем турнир во периодот кога Капело беше селектор на репрезентацијата (2007 до 2012), со фантастична генерација во која стигна само до четврт-финалето на ЕП.

37-годишниот Фостер открива дека пред раѓањето на неговото второ дете, Капело му се мешал во приватниот живот.

„Мислам дека Капело покажа огромно непочитување кон мене. Мојата сопруга беше трудна и чекаше да се породи во Манчестер и утрото ми се јави да ми каже дека и пукнал водниот меур, и јас отидов кај Фабио и му кажав дека сопругата се пораѓа. Тој ми одговори: ’Имаме тренинг за половина час!’ Успеав да го убедам да ме пушти, и само два-три часа откако се роди мојот син, тој на телефон ми се јави и ми кажа да се вратам. Се работеше за некој пријателски натпревар и тој ми кажа дека ќе играм во второто полувреме. Но, потоа не влегов ниту една минута. Тоа беше крај за мене. Се вратив во Бирмингем и им кажав дека нема да играм повеќе за репрезентацијата“, открива Фостер.

Тој подоцна се врати во репрезентацијата под водство на наследникот на Капело, Рој Хоџсон, за да има еден старт на Светското првенство против Костарика, но Англија испадна во групната фаза.

Scroll to Top