Top Sport

Само Роналдињо можел да има клаузула за „два дена забава неделно“ во својот договор

Роналдињо е несомнено легенда по неговите фудбалски достигнувања, но тој успеа да изгради исто толку голема репутација со својот животен стил. Ова уште еднаш се докажува откако според „БеИН спортс“, Бразилецот успеал во 2011 по трансферот од Милан, во договорот со Фламенго да вклучи правило кое му дозволува две вечери на забави неделно.

Според изворите на „БеИН спортс“, Роналдињо јасно му порачал на бразилскиот клуб дека тоа е услов да стави потпис на договорот и тие му го дозволиле тоа. На крајот, тој во една сезона со клубот имаше 19 гола и 13 асистенции.

40-годишниот Роналдињо во моментов е во нова незавидна ситуација, откако се наоѓа во домашен притвор во хотел во Парагвај за нелегално влегување во земјата со фалсификувани пасоши.

Роналдињо во Парагвај сакал да го прошири својот нелегален бизнис со коцкарници?

Scroll to Top