Андреа Пирло пред две години ја заврши својата кариера. Поранешниот фудбалер на Интер, Милан, Јувентус и Њујорк во кариерата не успеал само да го освои европското првенство со Италија, останатите значајни трофеи ги има во својата колекција.
Пирло кариерата ја заврши во САД, во Њујорк. Во автобиографијата тој открива дека и пред Њујорк имал можност да игра во некое друго првенство и дека жели што не заминал во Барселона кога го барал Пеп Гвардиола.
„Се сеќавам дека разговарав со Гвардиола, тој ми кажа дека Барселона е со милји оддалечена од останатите клубови. Подоцна тоа и се потврди. Бараа играч во редот за врска кој би се ротирал со Чави, Иниеста и Бускетс и кој би се поврзувал на теренот со Меси. Тогаш го впери прстот во мене и ми кажа дека играчот што го бара сум јас“, рекол Пирло и дополнил.
„Верував дека имам сѐ што е потребно за да станам играч на Барселона. Да бидам искрен, на сите четири би ползел до Барселона, тогаш тоа беше најсилниот тим во светот. Но некои други работи решија тоа да не се случи и мојата кариера замина во поинаков правец“.