Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хаити се соочува со сериозни обвинувања за сексуално вознемирување.
Ив Жан-Барт познат како „Даду“, кој на чело на Фудбалскиот сојуз на Хаити се наоѓа од 2000 година, наводно сексуално злоставувал неколку млади фудбалерки во националниот тренинг центар.
Приказната ја објави „Гардијан“.
„Постои негова „посебна девојка“ која работи таму и која врши пристисок врз девојките да имаат секс со него. Тој ќе се појави во националниот центар и го снима жртвите. Ќе одбере атрактивна девојка и потоа ќе ја испрати таа своја госпоѓа да ѝ каже на девојката дека е исфрлена од центарот. Кога ќе види дека девојката е во солзи таа ја советува да оди и да разговара со Даду. Од тој момент започнува сексуалното злоставување“, пишува во својот текст „Гардијан“.
Ив Жан-Барт обвинувањата во текстот на „Гардијан“ ги нарекол неосновани.
„Никогаш немаше поплаки против Сојузот, ниту против персоналот, ниту против мене лично. Невозможно е вакви сексуални злоставувања да се случат во нашиот центар“, рекол Жан-Баер.