Фудбалерот на Вулверхемптон Раул Хименез изјавил дека е свесен дека медиумите го поврзуваат со неколку врвни клубови. Репрезентативецот на Мексико од 2018 година е во Вулверхемптон, одиграл 88 натпревари на кои постигнал 39 голови и забележал 18 асистенции.
„Свесен сум што пишуваат медиумите, ме поврзуваат со Реал, Челси, Јунајтед, Арсенал. Секој ден се појавува нов клуб. Сепак да бидеме искрени доколку би добил од понуда од Реал или Барселона таква шанса не се одбива“, изјавил 28 годишниот напаѓач за ЕСПН.
Раул Хименез има договор со Вулверхемптон до 30 јуни 2023 година, проценет е на 40 милиони евра.