Тројцата најдобри во светот, во дисциплината скок сос стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, Американецот Сем Кендрикс и Французинот Рено Лавилени ќе се натпреваруваат еден против друг од своите дворови.
Светската атлетска федерација (ИААФ) оваа пресметка помеѓу светскиот рекордер Дуплантис, светскиот шампион Кендрикс и поранешниот олимписки првак Лавилени го нарече „The Ultimate Garden Clash“.
Натпреварот ќе се одржи на 3 мај, а ќе се пренесува во живо на социјалните мрежи.
Дуплантис ќе биде во својот двор во Луизијана, Кендрикс во Мисисипи, а Лавилени во Франција.
Нивниот преизвик ќе биде во рок од 30 минути што е можно повеќе да ја прескокнат висината од пет метри.
ИААФ во соопштението наведува дека натпреварот ќе биде тест на техника, концентрација и издржливост.