Top Sport

Тениски турнир без публика, линиски судии, собирачи на топчиња

Тенискиот турнир во Вест Палм Бич на програмата е наредниот викенд. „УТР Про“ ќе се одржи од 8 до 10 мај.

На овој турнир ќе играат четворица тенисери: Тенис Сандгрен, Томи Пол, Рајли Опелка и Матео Беретини.

Турнирот привлекува внимание бидејќи учествува осмиот тенисер во светот (Беретини) и тројца кои се во Топ 60 на АТП листата.

Интересно покрај тоа што ќе се игра пред празни трибини на мечевите ќе нама линиски судии и собирачи на топчиња. Тенисерите сами ќе ги собираат топчињата кои ќе бидат обележени за да не можат топчињата преку нив да дојдат до контакт.

Мечевите ќе ги пренесува „Tennis Channel“, а коментатор ќе биде Енди Родик.

Scroll to Top