Вчера се одбележија 11 години од неверојатната 6:2 победа на Барселона над вечниот ривал Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и ветеранот на Блауграна, Жерард Пике преку Твитер се потсети на лудиот меч.
Пике го покажа видеото од последниот гол кој тој го постигна и со кратка порака: „11 години“, по што доби неочекуван одговор од голманот на Реал на тој меч, легендарниот Икер Касилјас.
Касилјас реши да го потсети Пике и навивачите на Барселона за бројот на европскит титули на „кралевите“ пишувајќи: „11+2=13“.
11+2 = 13 https://t.co/XtvtwMHNFI
— Iker Casillas (@IkerCasillas) May 2, 2020