Од неколку клубови кои покажале интерес за Иван Ракитиќ најмногу шанси да го обезбеди неговиот потпис има Тотенхем. Шпанските медиуми тврдат дека Тотенхем биле подготвени да платат 20 милиони евра колку што бара Барселона за овој фудбалер.
Ракитиќ неколку пати досега истакнал дека би сакал да остане во Барселона, бидејќи се уште може да игра на високо ниво. Инаку неговиот договор истекува на 30 јуни 2021 година.
Шпанците тврдат дека Барселона нема да смета на Ракитиќ за наредната сезона, за него се интересираат покрај Тотенхем уште и Севилја, Атлетико Мадрид и Јувентус.
Според „Мундо Депортиво“ 20 милиони евра Севилја не може да плати, Атлетико му нуделе договор на само една сезона, додека во Јувентус сметале дека сумата е преголема за фудбалер кој има 32 години.